сабота, ноември 23, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Соопштение за отпочнување за донесување нацрт на закон за прогласување на Студенчишкото блато за парк на природата

Министерството за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк за природата.

Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за негова привремена заштита. Привремената заштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе се прогласи Студенчишко Блато за заштитено подрачје, а кој е во завршна фаза на изработка. Во меѓувреме, Студенчишко Блато е прогласено за водно живалиште од меѓународна важност според Рамсарската Конвенција.

Согласно Решението за привремена заштита на Студенчишко Блато, за времетраењето на привремената заштита на подрачјето нема да се спроведуваат активности од постоечкиот ГУП на градот Охрид во делот на Урбана Заедница – УЗ 17, Урбан блок – У.Б 17.1, како и изработка и донесување на урбанистички планови и урбанистички проекти, урбанистички проекти за партерно уредување на просторот, спроведување на постапкa за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, спроведување на постапка за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште, одлагање на шут и комунален отпад, употреба на хемиски заштитни средства и минерални ѓубрива за земјоделски активности, доделување на нови или продолжување на постоечките концесии согласно прописите за концесии и јавно приватно партнерство, прописите заградежно земјиште, како и прописите од областа на лов и риболов и проширување или изградба на нови патишта.

Јавната расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко блато за парк за природата се планира да се одржи на ден 23.02.2022 година со почеток во 12 часот во Големата сала во општинската зграда во Охрид.

 

Сетот од документи се објавени на порталот www.ener.gov.mk

Општина Охрид