АктуелноОхрид

Марјан Ристески назначен за в.д директор на ЈП „Водовод“ Охрид

Со одлука на градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, за в.д директор на ЈП „Водовод“ Охрид е назначен дипломираниот менаџер по царина и шпедиција Марјан Ристески.

– Ристески има долгогодишно менаџерско искуство најпрво во приватниот, а подоцна и во јавниот сектор. Како директор на Државниот студентски дом „Никола Карев“ успеал од институција којашто била во згаснување да создаде стабилна и успешна установа, информираат од Општина Охрид.

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес