Денес, градоначалникот Кирил Пецаков, оствари протоколарна средба со Генералниот конзул на Косово Агим Красниќи. На средбата Пецаков беше запознат со работата на конзулатот, кој е со седиште во Струга. Красниќи му го честиташе изборот на Пецаков за градоначалник и изрази уверување дека во иднина двете институции ќе бидат отворени за соработка.
Генералниот конзулат официјално започнал со работа во септември 2020 година и го покрива југозападниот дел на Македонија.