сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Адвокатот Ќато поднел предлог иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на таканаречениот Закон за апанажа

Познатиот адвокат Глигорие Ќатоски од Струга денеска поднесол предлог иницијатива за оценување на уставност и законитост од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија.

Во објавата на ФБ Ќато пишува:

Почитувани, би сакал да ве известам дека денес поднесов предлог иницијатива за оценување на уставност и законитост на чл.19, 20, 21, 22, 23, 24 и 25 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија или таканаречениот Закон за апанажа. Со овие одредби од законот се предвидува на именуваните функционери од законодавната и извршна власт исплата на плата по завршеток на нивната функција.
Се надевам на фер, објективна и транспарентна постапка од страна на Уставниот суд, напиша на својот ФБ профил Ќато.