недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Кривична пријава за 62 годишна жена – без одобрение за градба во Пештани изградила објект за домување

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 62 годишна жена на привремена работа во Германија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“. Пријавената, на сопствена катарстарска парцела во селото Пештани, без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен државен орган и спротивно на другите одредби од Законот за градење, изградила објект за домување. При инспекциски надзор извршен на 05.01.2022 година, овластен градежен инспектор при општина Охрид, донел решение за отстранување на градбата.