АктуелноВидеаОхрид

(ВИДЕО) ЈП „Водовод“ ја започна првата фаза на „Македонски просветители“ – се поставуваат полиетиленски цефки со голема издржливост

„ЈП Водовод“, денеска започна со градежни активности на улицата „Македонски просветители“. Директорот Сашо Сотироски за Охрид 1 вели дека активностите ќе се изведуваат во три фази и истите ќе се работат со многу квалитетни материјали кои имаат голема издржливост на притисок.

„Во првава фаза која треба да заврши до понеделник поставуваме цефки со профил од Ф – 63 мм, во должина од 110 метри.  Станува збор за полиетиленски цефки кои имаат издржливост на притисок од 10 бари“, открива директорот Сотироски за Охрид 1.