На црквата во изградба „Св. Атанасиј“ во охридското село Рамне е поставена плоча, како уште еден значаен момент во изградбата на овој свет храм.
Црквата се гради со вера, љубов и посветеност, а нејзината изградба претставува духовен чин и придонес за зачувување на православната традиција во овој крај.
Со Божја помош, храмот посветен на Свети Атанасиј Велики продолжува да се гради, како место за молитва, духовен мир и собирање на верниците.



















