Во рамките на проектот (ПСЕЕП), oпштина Охрид поднесе проектни фишеа за финансирање на изработка на проектно техничка документација и финасирање на инвестициски проекти за енергетска ефикасност за неколку објекти, при што беа прифатени следните под-проекти:
- Реконструкција на ООУ Христо Узунов со ЕЕ мерки
- Реконструкција на ООУ Братство Единство-Лескајца со ЕЕ мерки
- Реконструкција на ООУ Св. Климент Охридски со ЕЕ мерки
Со цел успешна имплементација на прифатените под-проекти, општина Охрид организира јавна дебата на која се поканети директорите, членовите вo Советот на родители во секое од училиштата, родители на ученици кои посетуваат настава во наведените училишта, вработени во училиштата, НВО, медиуми, жители кои гравитираат во урбаните заедници на чие подрачје ќе се спроведуваат под-проектите и други зинтересирани страни и ранливи групи/поединци со цел да се запознаат со активностите кои се предложени за финансирање во рамки на горенаведените три под-проекти. На јавната дебата сите граѓани кои ќе се присутни се поканети да дадат свое мислење, сугестии и предлози за надополнување на веќе предложените активности.
Воедно, на самата јавна дебата ќе се формира Одбор на корисници кој ќе се состои од минимум три членови, при тоа водејќи сметка за родовата еднаквост на Одборот за секој од под-проектите. Одборот на корисници ќе биде вклучен во текот на планирањето и реализацијата на под-проектите за што детално ќе бидат информирани за време на јавната дебата.
Јавната дебата ќе се одржи во петок, на 21 јануари 2022 година, во големата сала на општина Охрид со почеток во 10 h.
општина Охрид