сабота, ноември 23, 2024
АктуелноНаш ИзборОхрид

Поранешна инспекторка во СВР Охрид пронајдена мртва во стан во Охрид

Попладнево пронајдена мртва жена во стан во Охрид.

„ Безживотното тело е пронајдено во стан на улица Сирма Војвода во Охрид“, потврдува за Охрид 1 портпаролот на ДВР Охрид, стефан Димоски.

Станува збор за Марија М. која до пред четири години работеше како инспекторка во СВР Охрид. А беше отпуштена од службата поради објавување на недолични содржини на социјалните мрежи.

Во моментов се очекуваат резултатите од обдукцијата. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.