сабота, ноември 23, 2024
АктуелноНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Пецаков кај опожарената куќа: За среќа во пожарот нема жртви, а причинета е поголема материјална штета – ќе се обидеме да помогниме

Попладнево го посетив семејството чија куќа денес беше зафатена од пожар.
Брзата интервенција на Територијалната противпожарна служба спречи понатамошно проширување на пожарот.
За среќа во пожарнот нема жртви, а причинета е поголема материјална штета, напиша на својот ФБ профол градоначалникот Кирил Пецаков. Во продолжение на објавата градоначалникот додава:

Од страна на надлежните служби се информирав за целокупната ситуација и настанатата штета. Следува истрага за причината поради која настанал пожарот, додека ние ќе во рамки на можностите ќе се обидеме да излеземе во пресрет на семејството.