сабота, ноември 23, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Парички во црковната нафора утре во црквата Св Никола Враништа

Во чест на празникот Обрезание Господово; св.Василиј Велики; Нова Година 14.01.2022 година Петок после отслужувањето на Светата Литургија за прв пат ќе биде доделена сребрена паричка со ликот на Св.Василиј Велики.Имено оваа година ќе бидат ставени во нафората две сребрени парички од кои една ќе биде наменета за најмалите,а другата за возрасните.Со тоа што први ќе пристапат да земаат нафора најмалите,а потоа возрасните.Кај тој што ќе се падне паричката од возрасните наредната година ќе биде еден вид на кум кој ќе има обврска да донесе погача со паричка. Честита и од Бога Благословена Нова Година.За многу години.Со Божји Благослов отец Ристе Наумоски и Црковен Одбор с.Враништа, информираат од црковниот одбор на црквата Св. Никола во Враништа.

Помеѓу другото утре 14 јануари со свечената Архиерејска литургија ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.

Почетокот на Светата Литургија ќе биде во 8,45 часот.