Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” по добиен налог од општинскиот инспекторат расчистија уште една дива депонија лоцирана во населба Даљан во непосредна близина на крајбрежниот појас. Подигнати се енормни 44 кубици кабаст отпад, градежен шут, гуми од возила и др. По акцијата пристапниот пат е измиен со цистерна.
За жал оваа локација несовесни граѓани многу често ја користат за ненаменско ослободување од покуќнината и друг цврст отпад. Уште еднаш апелираме за сите потреби кои ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад, да се јават на дежурниот телефон 075-495-428 кој е достапен секој ден во неделата од 07.00 часот до 21 часот.