АктуелноОхрид

Охриѓанец заработи парична казна – без заштитна маска шетал куче од расата „Кане Корсо“

На 04.01.2021 година во 12.30 часот на улица „Свети Климент Охридски“ во Охрид, полициски службеници затекнале Охриѓанец како, без заштитна маска води куче домашен миленик од расата „Кане Корсо“. Во согласност со членот 29 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, на сопственикот на кучето му е изречена парична казна.