АктуелноОхрид

Советникот Наумоски поднесе Амандман со кој бара намалување на цената за поставување на урбана опрема и времени објекти

Независкиот советник, Антонио Наумоски како што вети во кампањата застанува во заштита на туристичко угостителскиот сектор.  Наумоски до претседателот на Советот на Град Охрид поднесе Амандман за измена на цените на закупнина на предлог – одлука за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2022 година во општина Охрид.

Во образложението Наумоски вели дека пандемијата со вирусот Ковид 19 која трае повеќе од две години и направи голема материјална штета на стопанството во Република Македонија, но секако најпогоден е угостителскиот сектор, поради донесените протоколите кои се спроведуваат за справување со вирусот со Ковид 19 кој предвидуваат намален број на гости и задожително поседување на ковид сертификат за примени две дози на вакцина која е задожителна за да може да се посети угостителски објект.

„Покрај донесените сет економски мерки од Владата на Република Македонија за олеснување на последиците од кризата предизвикана од ковид 19 кои се покажаа како не доволни за санација на последиците и истите се повратни средства кои преставуваат дополнителна обврска за угостителскиот сектор кој се наога во тешка финансиска состојба , односно со продолжување на мерките и намалените капацитети во затворениот дел на објектите, останува само за користење просторот на тераси пред угостстителските објекти кои спагаат во делот на користење на урбана опрема која е предлог одлука за 6-та Седница на совет на град Охрид“, пишува советникот Наумоски во образложението и додава:

„Со оглед дека Охрид е туристички центар во Македонија и поголем дел од населението директно или индиректно се засегнати од состојбите и работата на кафетерите , рестораните и хотелите и од тие причини предлагам измени во предлог одлуката за цените за закупнина за поставување на урбана опрема за 2022 година во делот на износите во Член 5 глава 2 за зона А и зона Б и тоа:

Зона ,,А” закупнина која се предлага по програмата да изнесува 300.00 денари по м2 за период од 01.05.2022 година до 31.10.2022 да се измени и да изнесува 150,00 денари по м2;
Зона А за закупнина која се по предлага по програмата за период од 01.01.2022 година до 30.04.2022 година и од период 01.11.2022 година до 31.12.2022 година наместо 150.00 денари по м2 да изнесува 70.00 денари;

Зона Б за која се предлага закупнина по програмата да изнесува 250.00 денари по м2 за период од 01.05.2022 година до 31.10.2022 година предлагам да изнесува 125.00 денари;

Зона Б за која закупнина по програма се предлага за период 01.01.2022 година до 30.04.3022 година и од 01.11.2022 година до 31.12.2022 година предлагам да се измени и да изнесува 70,00денари.

Како предлагач за измените на износите во предлогот , очекувам подршка од сите советници на советот на Општина Охрид бидејќи се запознаети со состојбата во угостителскиот сектор“, вели Наумоски.