АктуелноНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Пецаков и Донев на промоцијата на книгата „Манастирите во Дебарско – Кичевската Епархија“

Во Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид, денеска се одржа промоција на книгата „Манастирите во Дебарско – Кичевската Епархија“. На промоцијата претходеше света архиерејска Литургија, на која во присуство на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј.


Заедно со претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, присуствуваме на овој голем и свечен чин, каде покрај промоцијата се одбележа и јубилејот 40 години служба во Македонската Православна Црква на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Нека Господ ги умножи ваквите јубилеи и свечени чинови. На многаја лета, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.