Одржувањето на јавната чистота е наш приоритет со цел обезбедување здрава и чиста животна средина.
Изминативе денови служби на ЈП „Охридски комуналец” беа ангажирани во селата Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Косел, Лескоец, Велгошти и Подмоље.
На овие места се расчистуваше расфрланиот комунален и зелен отпад покрај пристапните патишта до селата и отворените површини од јавен интерес.
-пишува во својата ФБ објава градоначалникот Пецаков.