Бев во посета на ЈУ „Национален парк Галичица“. Оваа институција е многу важен дел од функционирањето на Охрид.
Дискутиравме за можностите за подготвување на заеднички апликации во ЕУ фондовите и соработка во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и заштитата на Националниот парк.
Ја изразив мојата подготвеност за целосно вклучување во сите процеси кои се однесуваат на градот.
-напиша градоначалникот во својата ФБ објава.