На ден 21.12.2021 година, Црвен крст Охрид и Советот на родители при ООУ “Григор Прличев” Охрид организираа едукативна online работилница на тема Превенција и грижа за оралното здравје кај младата популација заедно со Д-р Кристина Стојаноска Алоска, доктор стоматолог од сатоматолошка ординација Етадент-Охрид и волонтер при Црвен крст Охрид. Работилницата се одржа со ученици од трето одделение од ООУ “Григор Прличев”Охрид. Во рамки на предавањето, дечињата добија совети за правилно одржување на оралната хигиена, последици од негрижа за забите итн.