АктуелноОхрид

Цвеќе во чест на револуционерите

Во рамки на празнувањата по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, делегација на Општина Охрид предводена од Заменик градоначалничката Ана Крстеска  се поклони и положи цвеќе пред Спомен обележјата на револуционерите во Градскиот Парк.

Во чест на великодостојниците се поклонија и  останати претставници од јавниот и политичкиот живот во градов.

Чествувањата по повод денешниот празник завршуваат со промоција на книгата „Калдарма“ од доц. д-р Никола Митровиќ – Бабе. Промотори се проф. д-р Зоран Тунтев и новинарот Сашо Нелоски.