Охрид денес добива нов современ супермаркет од светски познатиот бренд SPAR. Во 14 часот официјално ќе биде отворен новиот SPAR MARKET, сместен во трговскиот центар Ohrid Mall.
Станува збор за еден од најголемите супермаркети во овој дел од Македонија, кој на потрошувачите ќе им понуди исклучително широк асортиман на производи, современ простор за пазарување и практични решенија за поголема удобност на купувачите.

Посебна предност на новиот SPAR MARKET е големиот покриен паркинг, кој овозможува возилата да бидат заштитени од дожд и сонце. Купувачите имаат лесен и практичен пристап од супермаркетот до паркингот со количките за пазарување, што значително го олеснува пренесувањето на купените производи до автомобилите.
Со отворањето на овој маркет, охриѓани, но и бројните туристи и посетители на градот, добиваат ново место за секојдневно пазарување, со широк избор на производи и услуга според современи меѓународни стандарди.

Новиот SPAR MARKET во Ohrid Mall ги отвора вратите денес, 14 октомври, точно во 14 часот.
Посетете го новиот супермаркет уште денес и запознајте го новото искуство на пазарување што SPAR го носи во Охрид.


















