АктуелноОхрид

76-годишен охриѓанец физички нападнал член од неговото семејство а потоа испукал куршуми во воздух

На 05.10.2026 во 19:15 часот на улица „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода  лице на (76) од Охрид, кој претходно во семејниот дом, физички нападнал член на неговото семејство, а потоа испукал два куршуми во воздух од пиштол.

 

При увид и претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид го пронајдоа и одзедоа пиштолот и по целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.