АктуелноОхрид

При пожар во камп приколака на крајбрежјето во Охрид со повреди се здобиле две лица, итно се пренесени во Општата болница

На 04.10.2026 во 22:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во авто-камп на крајбрежјето на Охридското езеро настанал пожар во камп приколка сопственост на лице на (44) од Скопје.

 

При обид за гаснење со противпожарни апарати, со повреди се здобиле едно лице  од Охрид и лице на (32) од Битола, кои се пренесени во Општа болница во Охрид.

 

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.