На 29 септември 2026 година, во НУ „Музеј на македонската борба за самостојност“ – Скопје, се одржа промоција на книгата „Логострој“ од м-р Дарио Божиновски.
На промоцијата присуствуваа Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј , Нивните Преосвештенства, Епископите: Хераклејски г. Климент и Дремвитски г. Давид, како и голем број гости, пријатели, соработници и љубители на пишаниот збор.
За книгата говореа Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и м-р Стефан Цветановски, професор во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Посебен дел од промоцијата беше и музичката програма, во која настапија фаготистот Марио Иванчов и виолончелистот Александар Ицковски, со што на книжевната вечер ѝ беше дадена дополнителна уметничка димензија.
Промоцијата помина во свечена и пријатна атмосфера.
dke.org.mk


















