АктуелноОхрид

ЈП „Охридски Комуналец“: Апелираме до компаниите и домаќинствата за соодветно одлагање на пакувањето од картон

Ситуацијата на терен покажува дека не се обраќа доволно внимание на начинот на одлагање на картоните од пакување. Без правилно пакување на картоните, контејнерите се преполнуваат брзо, а многу често заради немање простор се остава отпад и надвор од контејнерите. Во таков случај и постапувачите кои го подигаат отпадот од пакување, а и нашите служби имаат потешкотии во собирање на отпадот.
Дополнителен аспект е чистотата на селектираниот отпад. Валканата хартија и картон се контаминирани и не може да се рециклираат понатаму.
Ги советуваме правните субјекти да одвојат време да го објаснат ова на своите вработени и да им дадат доволно време за да можат да постапат според правилата.
Отпадот е прашање кое нѐ засега сите. Селектирај правилно!