АктуелноОхрид

Затворена за сообраќај дел од улицата „7-ми Ноември“

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од утре 18.09.2026 година (петок)  целосно за сообраќај ќе биде затворен дел од улицата „7- ми Ноември“ и тоа од пресекот на оваа улица со ул. „Егејска“ па се до пресекот на оваа улица со ул. „Марко Нестороски“. Времената забрана за сообраќај ќе трае до завршување на градежните работи.

Во периодот додека трае забраната на улиците „7- ми Ноември“ (во останатиот дел од улицата) како и на улицата „Марко Нестороски“ нема да се одвива автобуски сообраќај и истиот ќе се пренасочува по улиците „Железничка“ и „ Питу Гули“ како и по булеварот „Туристичка“.

Товарниот сообраќај ќе се одвива  исклучиво преку  улиците „Егејска“ и „ Марко Нестороски“ .

Согласно динамиката на одвивање на градежните работи пешачкиот сообраќај на делот од улицата „7- ми Ноември“ каде ќе се одвиваат градежните работи, ќе се одвива согласно поставената времена сообраќајна сигнализација по дневна основа .

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон воспоставениот времен режим на сообраќај и воедно по можност за да го избегнуваат за сообраќај овој дел од градот.