АктуелноОхрид

Пецаков: Од просторот на поранешната касарна, сакаме да создадеме место со нова функција, простор кој ќе им припаѓа на младите

Младите се нашата сегашност, енергија и најголем потенцијал за развој. Затоа, наша обврска е да создадаваме услови тие да ги реализираат своите идеи, да творат и активно да придонесуваат во развојот на Охрид.
Особено ми е драго што Меѓународниот ден на младите вчеравачер го одбележавме со уште еден важен чекор, а тоа е доделувањето на наградите за најдобрите идејни решенија за новиот Младински културен центар.
Од просторот на поранешната касарна, сакаме да создадеме место со нова функција, простор кој ќе им припаѓа на младите и место каде што тие ќе можат да бидат креативни и продуктивни. Најдоброто идејно решение е важна појдовна точка за следната фаза, а тоа е изработка на основниот проект и понатамошна реализација на Младинскиот културен центар.
Им честитам на наградените авторски тимови, а благодарност упатувам и до сите учесници на конкурсот кои со својата креативност и стручност придонесоа овој процес да добие квалитет и значење.
Верувам дека Младинскиот културен центар ќе биде еден важен столб на младинските политики во Охрид. Место каде што младите нема само да доаѓаат, туку ќе создаваат. Место каде што идеите нема само да се кажуваат, туку ќе се претвораат во дела.