АктуелноОхрид

По повод Светскиот ден на органодарителството, Дебарско-кичевската епархија упатува повик за поддршка на органодарителството како израз на љубовта, солидарноста и грижата за животот и ближниот

По повод Светскиот ден на органодарителството, Дебарско-кичевската епархија упатува повик за поддршка на органодарителството како израз на љубовта, солидарноста и грижата за животот и ближниот. Станува збор за благороден чин преку кој, дури и во најтешките животни околности, можеме да подариме надеж и нова можност за живот на оние кои се соочуваат со тешки заболувања. Како христијани, повикани сме да ја негуваме културата на милосрдие и несебично дарување, имајќи ја предвид Христовата заповед: „Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели“ (Јован 15,13). Дебарско-кичевската епархија ја изразува својата поддршка кон сите кои со својот пример придонесуваат за ширење на свеста за значењето на органодарителството и спасувањето човечки животи