Љубителите на класична музика вчеравечер на „Охридско лето“ имаа
несекојдневно музичко доживување со концерт за четирирачно пијано на
Денис Расел Дејвис и Маки Намекава. Незаборавната Австриска вечер
беше поддржана од Австриската амбасада во земјава и амбасадорот
Мартин Памер.
Светски познатото дуо изведе дела од класични и современи автори,
продолжувајќи ја својата успешна меѓународна кариера која ги носи на
најпрестижните фестивали и концертни сали низ САД и Европа.
Австриската вечер на „Охридско лето“ започна со увертира од
Моцартовата опера „Магичната флејта“, а продолжи со две арии од
првиот и вториот чин на операта. Потоа следуваше маестрална изведба на
„Влтава“ од чешкиот композитор Беджих Сметана , едно од шесте
композиции во неговиот славен циклус „Од мојата татковина“.
-Иако оригиналното дело е напишано за оркестар, ние направивме
аранжман за четирирачно пијано кое звучи невројатно убаво, но е
премногу тешко за изведба, појасни реномираниот американско-
австриски пијанист Денис Расел Дејвис.

Фестивалската публика исто така уживаше и во совршената изведба на
„Фантазија во ф-мол“, едно од најубавите дела на Франц Шуберт
напишано за пијано четири раце.
Прекрасната Австриска вечер на која се слушаше само совршена изведба
на четирирачното пијано под сводовите на „Света Софија“ и долги
ракоплескања за уметниците, беше заокружена со три дела за
четитирачно пијано од композиторот Филип Глас кој е близок пријател на
пијано дуото. Тоа беа прелудиуми од оперите „Орфеј“ и „Патување“, како
и неговото оригинално дело „Стоукс“.
Освен што настапуваат заедно, двајцата уметници имаат успешни
индивидуални кариери како пијанисти, а Денис Расел Дејвид и како
диригент.
-Јас сум и диригент и пијанист, а мојата сопруга Маки Намекава е
пијанист. Вечерва заедно настапуваме на овој прекрасен концерт во
преубавата црква „Света Софија“. Ова е прва наша посета на Охрид и
многу сме импресионирани од тоа како бевме пречекани. Охрид е
прекрасен град и се надеваме дека пак ќе се вратиме овде, ни изјави
Денис Расел Дејвис.
За пијано дуото Денис Расел Дејвис – Маки Намекава дела пишуваат
композиторите Филип Глас („Четири става за две пијана“) и Чен Ји
(„Западна кинеска свита“), а Филип Глас исто така го пишува делото „Два
става за четири пијана“ кое двајцата врзвни уметници го изведуваат со
сестрите Катја и Марија Лабек. Во 2019 година јапонскиот композитор Џо
Хисаиши им го посветува делото „Варијација 57“ за пијано дуо и камерен
оркестар,

















