АктуелноОхрид

Сообраќајна незгода помеѓу два мопеди на ул. „15 Корпус“ и „Живко Чинго“

На 06.07.2026 во 08:10 часот, на крстосницата од улиците „15 корпус“ и „Живко Чинго“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мопед „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управуван од лице на (66) и мопед „ханглонг“ со охридски регистарски ознаки, управуван од  лице на (71), двајцата од Охрид.

 

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил едно лице , констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.