АктуелноОхрид

Лице од Прилеп изгубил контрола на возилото и излетал од патот кај „Прентов мост“

На 06.07.2026 во 21:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија  лице на (48) од Прилеп, кој претходно на магистралниот пат Охрид- Ресен кај „ Прентов мост“, управувајќи патнички автомобил „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

 

По извршен увид и извршено алкотестирање, кај него се утврдени 1,65 промили алкохол во крвта.

 

По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.