АктуелноОхрид

Известување за времено затворање на дел од улица “Свети Климентов Универзитет“

Поради изведување на градежни работи за санација на дефект на канализационата мрежа, од денес 07.07.2026 година (вторник) до 13.07.2026 година (понеделник) ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Свети Климентов Универзитет“ во стариот дел на градот.

 

 

Ги замолуваме жителите и туристите да го почитуваат привремениот сообраќаен режим и поставената сообраќајна сигнализација, како и да користат алтернативни сообраќајни приоди.