По повод претстојните празници, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј, ќе богослужи и ќе проповеда:
– 07.07.2026 г. Рождество на свети Јован Претеча – Иванден, Света архиерејска Литургија со почеток во 08:30 часот, во манастирот „Свети Јован Крстител“ – Бигорски.
– 12.07.2026 г. Св. апостоли Петар и Павле – Петровден, Света архиерејска Литургија со почеток во 08:45 часот, во храмот „Свети Петар и Павле“ во Кичево.
– 13.07.2026 г. Собор на 12-темина апостоли – Павловден, Света архиерејска Литургија со почеток во 08:45 часот, во храмот „Света Софија“ во Охрид.
– 14.07.2026 г. Св. бесребреници Козма и Дамјан, Света архиерејска Литургија со почеток во 08:45 часот, во храмот „Св. Козма и Дамјан“ во с. Пештани.
– 15.07.2026 г. Положување на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна, Света архиерејска Литургија со почеток во 08:45 часот, во манастирот „Пресвета Богородица“ – Заум.













