Изминатиот викенд се одржа Националното Првенство во Атлетика како дводневен натпревар.
Блаже Љушев го зазеде третото место во скок далечина и Стефан Стефаноски освои сребро при израмнет резултат до првопласираниот во фрлање диск.
Андреј Куковски го освои третото место на трката на 400м.
Јован Стојоски уште еднаш доминантен во трката на 400м со пречки подобрувајќи го повторно државниот рекорд кој е во негова сопственост.
Со овој натпревар се заврши натпреварувачката сезона и следува мала заслужена пауза и продолжување на подготовки за следната сезона.














