Свети Еразмо е еден од големите проповедници на Христовата вера на овие простори. Тој претрпел гонења и страдања за името Христово, но останал непоколеблив во верата. Со својата молитва, подвиг и чудотворство, свети Еразмо го просветлувал народот, ги укрепувал верните и го проповедал Евангелието во охридскиот крај.
И денес, по многу векови, неговиот свет спомен нè собира во молитва, благодарност и надеж. Затоа со радост ве покануваме заеднички да го прославиме празникот во манастирот посветен на овој наш голем светител.
По повод празникот на свети Еразмо, во манастирот ќе биде отслужена Света Архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј.
Богослужбите ќе бидат одржани според следниот распоред:
Нека овој празник биде повод повторно се собереме во овој свет манастир и сите заедно со вера, молитва и љубов да му оддадеме чест на свети Еразмо Охридски.
Свети оче Еразмо, моли Го Бога за нас!
За многу години празникот!














