Правилното одлагање на пакувањето од картон од страна на правните субјекти коишто произведуваат големи количини од овој тип на отпад е од круцијално значење. Кога картонските кутии не се пакуваат коректно и се фрлаат во својата оригинална форма, контејнерите се полнат многу побрзо од што треба, најчесто се преполнуваат и вишокот отпад се расфрла околу нив, самиот процес на собирање на материјалот за рециклирање се усложнува, а нашите служби добиваат повици за подигање на отпад надвор од планираните денови коешто финансиски го оптеретува претпријатието.
Голем дел од правните лица и еден дел од домаќинствата имаат соодветни садови за одлагање на картон и хартија, оградени метални или сини контејнери. Апелираме картоните да се одлагаат спакувани.
Отпадот е прашање кое нѐ засега сите. Селектирај правилно!














