Наш ИзборНаш избор

Пецаков: Деновиве Охрид ќе се претвори во центар на спортот и рекреацијата

10-тото јубилејно издание на „Охрид трчаТ“ деновиве повторно ќе го претвори нашиот град во центар на спортот и рекреацијата. Оваа спортска манифестација низ годините прерасна во препознатлив бренд и една од најмасовните во Македонија.
Годинава се очекуваат над 2.700 натпреварувачи од 30 држави, што уште еднаш ја потврдува меѓународната препознатливост на настанот и неговото значење за туристичкиот, спортскиот и економскиот развој на нашиот град.
Како локална самоуправа, продолжуваме да даваме поддршка на проекти кои го промовираат спортот, здравите животни навики и позитивните вредности, а воедно придонесуваат за афирмација на Охрид.
Им посакувам успешно издание на организаторите, а на сите учесници пријатен престој во Охрид и многу успех на патеките во претстојниот викенд.