АктуелноОхрид

Такси возило удри во бандера на „Туристичка“, интервенирала Брза помош

Такси возило денеска изгубило контрола и излетало од коловозот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, при што удрило во бандера покрај патот.

Според првичните неофицијални информации од местото на настанот, по незгодата интервенирала екипа на Итната медицинска помош, која им укажала помош на лицата инволвирани во сообраќајката. Засега нема официјални информации за степенот на повредите и за причините што довеле до несреќата.

На местото на настанот се очекува увид од надлежните служби, по што ќе бидат познати повеќе детали за околностите под кои се случила незгодата.

Сообраќајот во овој дел од булеварот се одвиваше отежнато додека траеше интервенцијата на службите.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.