Повик од младинската репрезентација на Македонија за талентот на ГФК Охрид Лихнидос Виктор Грданоски
Виктор Грданоски ќе настапи за селекцијата У-14 на пријателскиот натпревар против Србија. Младиот фудбалер на ГФК Охрид Лихнидос, Виктор Грданоски, доби повик за настап во У-14 репрезентацијата на Македонија за претстојниот пријателски натпревар против соодветната селекција на Србија.
Натпреварот е закажан за 4 јуни 2026 година (четврток) во Скопје и ќе се одигра на теренот на ФК Аеродром. Повикот за националниот тим претставува значајно признание за талентираниот охридски фудбалер и потврда за неговата посветена работа и развој во младинските категории на ГФК Охрид Лихнидос. Од клубот изразија гордост што уште еден нивен играч добива можност да ги брани боите на Македонија на меѓународна сцена, посакувајќи му на Грданоски многу успех, добро здравје и достојно претставување на клубот и националниот дрес. Повикот во репрезентацијата е дополнителен мотив за младиот фудбалер, но и признание за квалитетната работа што се реализира во младинската школа на ГФК Охрид Лихнидос.















