АктуелноОхрид

Водата од артерска чешма „Џамија“ е исправна за пиење

Според најновите лабораториски анализи, водата од артерската чешма „Џамија“ на улицата „Даме Груев“ е исправна за пиење.

Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 22 мај 2026 година беше забранета употребата на водата за пиење, откако анализите извршени од ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“ покажаа дека таа не е исправна за употреба.

По спроведените контролни испитувања и добиените резултати од последните анализи, утврдено е дека водата е здравствено безбедна и може повторно да се користи за пиење.