Во рамки на свечената програма за одбележување на 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана збирката поезија за деца „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски, во издание на здружението „Креативна верига“.
Настанот се одржа како дел од Литературната манифестација во чест на Тоде Илиевски, поддржана од Општина Охрид.
За животот и творештвото на авторот говореше Милчо Јованоски, а за второто издание на збирката се осврна издавачот Јордан Коцевски. Во рамки на промоцијата беше претставена и инспирацијата за илустрациите на корицата од книгата, кои се дело на ќерката на издавачот, Мила Коцевска.
Дел од стиховите од збирката прочитаа учениците од V-1 одделение при ООУ „Глигор Прличев“ од Охрид, под менторство на учителката Николина Спасеска.


















