Денес со особена чест и гордост одбележавме значаен јубилеј на еден од најпрепознатливите симболи на Охрид. Саат кулата не е само архитектонски споменик, туку жив сведок на вековите, на соживотот, културата и историјата што го обликувале нашиот град.
Низ нејзините отчукувања се испишани приказните на генерации охриѓани, на трговци, занаетчии, рибари и патници кои го граделе духот на Охрид.
Нашата обврска е да го чуваме и негуваме културното наследство, затоа што токму преку него ја раскажуваме приказната за нашиот идентитет и за вредностите што траат.
Додека чука саатот на Саат кулата, чука и срцето на вечниот Охрид.
Нека е честит големиот јубилеј!















