Верижен судир на три возила се случи денеска во близина на трговскиот центар „Дуа Мол“ во Струга.
На местото на несреќата веднаш пристигнала полиција, а сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато.

Според првичните неофицијални информации, во несреќата нема повредени лица, а причинета е материјална штета врз возилата.
Надлежните служби вршат увид за утврдување на причините за сообраќајната несреќа.















