АктуелноОхрид

Џудо клуб „Дрим“ освои пет медали на престижниот „Куп Славоника„2026 во Хрватска

Џудо клуб ДРИМ Струга блесна на меѓународната сцена со извонреден настап на престижниот турнир „Kup Slavonca“ 2026 во Хрватска, освојувајќи дури пет медали од пет натпреварувачи, потврдувајќи дека струшкото џудо продолжува да создава шампиони.

Во силна конкуренција со натпреварувачи од повеќе држави, младите џудисти на ДРИМ Струга демонстрираа врвна подготвеност, борбеност и шампионски дух, освојувајќи:

🥇 Елеонора Јосифоска – златен медал во категорија U16 -63 kg
🥇 Лука Трца – златен медал во категорија U14 +66 kg
🥇 Енил Ајдиноски – златен медал во категорија U14 -66 kg
🥈 Софија Ноческа – сребрен медал во категорија U16 -44 kg
🥉 Мила Стојмиловска – бронзен медал во категорија U16 -52 kg

Со доминантни настапи и одлични борби, натпреварувачите на ДРИМ Струга уште еднаш покажаа дека клубот е еден од најуспешните и најперспективни спортски колективи во регионот. Освоените медали претставуваат резултат на напорната работа, дисциплината и континуираната посветеност на спортистите и тренерскиот тим.

Настапот на „Kup Slavonca“ 2026 претставува уште една голема меѓународна афирмација за клубот, но и гордост за Струга и Македонија.

Честитки за сите натпреварувачи и тренери за извонредниот успех и достојното претставување на македонското џудо!