АктуелноОхрид

ГФК „Пирамида“ е првак, в недела „Чардак“ и „Воска“ ќе решаваат кој ќе игра во Трета лига- Југозапад

Во недела со почеток во 17,30 на главниот стадион на СРЦ„Билјанини извори“ во Охрид ќе се одигра големото финале на Општинската фудбалска лига на ФС Охрид во кое силите ќе ги одмерат „Воска“ и „Чардак“

Победникот на овој финален натпревар ќе обезбеди пласман во Третата македонска фудбалска лига -Југозапад за следната сезона, па затоа се очекува голема борба и независен дуел на охридскиот стадион.

Инаку, во регуларниот дел на шампионатот првото место го освои екипата на ГФК „Пирамида“ , која беше најуспешна во текот на сезоната.

Од ФС Охрид упатија голема благодарност до сите екипи за коректрниот  однос во текот на сезоната а во име на претседателот на ФС Охрид, Диме Попоски беше испратена покана до сите љубители на фудбалот во Охрид да присуствуваат на финалниот натпревар и да бидат дел од одличната организација на големото финале.

Се одчелува добра атмосфера, многу публика и вистински фудбалски спектакл во битката за место во Третата лига -Југозапад.

 

 

 

sportskamreza.mk