АктуелноОхрид

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се враќа од „Superschools Conference 2026“ со големо признание – наградата „Best Practice“ за проект реализиран во рамки на програмата Superschools

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се враќа од „Superschools Conference 2026“ со големо признание – наградата 🏆 „Best Practice“ за проект реализиран во рамки на програмата Superschools, претставен на завршниот настан што од 14 до 19 мај се одржа во Златибор, Република Србија 🇷🇸
Наградениот проект беше реализиран преку соработка на вкупно 30 ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и Гимназија Обала, под координаторство на професорите Јорданка Недеска Симиџиоска, Љупчо Балески, Аида Требињац и Ирниса Фејзић-Алић. 👩‍🏫👨‍🏫 Преку оваа иницијатива, учениците имаа можност да ја истражуваат, документираат и промовираат културната традиција и богатото наследство на двата града. 🌐🧵🏺
Во рамки на настанот, ученичката Ангелина Симиџиоска учествуваше на „Superschools Youth Camp 2026“, каде заедно со млади од регионот беше дел од активности насочени кон градење пријателства, интеркултурен дијалог и регионална соработка. 🕊️✨
Професорката Јорданка Недеска Симиџиоска беше дел и од „Superschools Education Conference 2026“, која ги обедини наставниците, средношколците и претставниците на институции и организации од регионот со заедничка цел – промовирање на мирот, соработката и меѓусебното разбирање меѓу младите. 🌍💬
Конференцијата воедно беше и одбележување на 5 години од програмата Superschools и 10 години од постоењето на Regional Youth Cooperation Office (RYCO).
Програмата Superschools е кофинансирана од Европската Унија 🇪🇺 и Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ), а се реализира во партнерство со GIZ.
💫 Ова признание претставува уште една потврда за успешната работа, посветеноста и креативноста на учениците и професорите од нашето училиште во меѓународните образовни проекти.