Со пригоден свечен прием и средба со претставници на локалните самоуправи, активните и пензионирани полициски службеници, соработници и граѓани, денеска во СВР Охрид беше одбележан 7 мај, Денот на македонската полиција. Притоа, полицискиот службеник Бојан Тренески од полициската станица Охрид, беше прогласен за најдобар полициски службеник кој, во рамките на централната манифестација во Скопеј, имаше прием кај министерот за внатрешни работи Панче Тошкоси и директорот за јавна безбедност во министерството, Ангел Јанев.
На пригодната свеченост, во името на началникот на СВР Охрид Игор Смилески кој присуствуваше на централната свеченост во Скопје, на присутните им се обрати портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
СВР Охрид, впрочем како и целата македонска полиција, денес, исправено стојат пред предизвикот да бидат институција што ќе биде вистински безбедносен гарант за граѓаните и државата Република Македонија и на владеење на правото. На целото подрачје што го покрива, СВР Охрид работните задачи на безбедносен план ги извршува законски, неселективно, професиоанлно, транспарентно, ефикасно и ефективно “, рече портпаролот Димоски.
Додаде дека, во СВР Охрид зголемен е бројот на регистрирани дела на целиот сектор (во првите 4 месеци од оваа 2026 имаме 618 кривични дела наспроти 382 кривични дела пријавени во истиот период лани) и затоа напорно работиме и ја зголемивме ефикасноста во работењето со ефективно поднесување кривични пријави против сторителите (122 во првиот квартал од 2026 со 65 лани).
– Во делот од класичниот криминалитет, зголемена е ефикасноста во откривањето која во првите 4 месеци од оваа година, изнесува 63 проценти наспроти 48 проценти од истиот период лани. Во делот за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, зголемен е бројот на поднесени кривични пријави, (за првите 4 месеци од оваа година се 57 со 45 во истиот период лани).

Во делот на сообраќајната безбедност, Димоски посебно го посочи значењето на концептот „ Сејф сити“ и кажа дека со зголемени сообраќајни контроли на патиштата, намален е бројот на сообраќајните незгоди со жртви (2 починати лица во првиот квартал од 2026 и 7 во истиот период лани) Додаде дека намален е и бројот на повредени лица (120 во првиот квартал од 2026 со 148 во истиот период лани).
На полициските службеници од СВР Охрид, празникот им го честита пензионираниот милицаец од времето на СФРЈ и СРМ, Димитрија Стојчески кој во милициска униформа, беше гостин на приемот.
Инаку, денот на македонската полиција, СВР Охрид го одбележа и со ликовна изложба поместена во службените простории со дела од најмладите, со ферата рута на планината Галичица и со прием за најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“.














