АктуелноОхрид

Успешен настап на ЏК „Дрим“ на Меѓународен натпревар во Нови Биджов, Република Чешка

На ден 📅 02.05.2026 година, Џудо клуб “Дрим” од Струга зеде учество на престижен меѓународен џудо натпревар 🥋 кој се одржа во Нови Биджов, Република Чешка 🇨🇿, каде настапија над 1100 џудисти од повеќе земји 🌍. Нашиот клуб достојно беше претставен од 7 натпреварувачи, предводени од тренерот Андреј Чакаровски .

Џудистите на “Дрим” покажаа исклучителна пожртвуваност 💪, храброст ❤️ и спортски дух 🏆, борејќи се со силна конкуренција и достоинствено бранејќи ги боите на својот клуб и Македонија 🇲🇰. Нивната борбеност резултираше со освоени медали:

🥉 Давид Спироски (-55 кг, У14)
🥉 Енил Ајдиноски (-66 кг, У14)
🥉 Лука Трца (-73 кг, У14)

Иако не успеаја да се искачат на пиедесталот 🏅, Драгица Рафтоска, Даријан Ночески, Амар Бајрамоски и Мартина Салви покажаа голема борбеност 💥, оставајќи срце на татамито 🥋 и достојно претставувајќи го клубот и Македонија🇲🇰.

Горди сме на сите наши натпреварувачи 👏 кои со својата посветеност и труд уште еднаш покажаа дека Џудо клуб “Дрим” е сериозен претставник на меѓународната европска сцена.