АктуелноОхрид

Лишено од слобода лице од Струга, кај него пронајдени седум паковки со бела прашкаста материја

На 14.07.2026 година во 21 часот во струшката населба „Плитишта“, лишен од слобода е  лице на (42) од Струга.
При  извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката  полиција кај него пронајдоа и одзедоа седум опаковки со бела прашкаста материја.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.