Македонската квиз асоцијација (МКА) со големо задоволство го најавува завршниот Мастерс квиз за оваа сезона, кој ќе се одржи во недела, на 10 мај 2026 година, со почеток во 11:00 часот, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.
Овој настан, кој прерасна во традиција, по четврти пат го носи елитниот квизерски дух на македонската сцена токму во Охрид. Најдобрите квизаџии од земјата ќе имаат можност да ги одмерат своите знаења низ широк спектар на теми: култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет. Секој учесник ќе одговара на вкупно 200 прашања, поделени во два дела со по четири теми и 100 прашања, а времето за решавање на секој дел е еден час.
Автор на прашањата за овој квиз е легендата на македонската квиз сцена, Зоран Јорданов. Човекот кој стои зад култните проекти како „Енигма“, „Бројки и букви“, „Листа за 300“ и многу други, што гарантира врвно квиз искуство и прашања кои ќе ги предизвикаат и најдобрите!
Официјалниот настан на фесјбук можете да го најдете на следниот линк:
https://www.facebook.com/
Пријавувањето е отворено и сите заинтересирани може да го пополнат формуларот на следниот линк:
https://forms.gle/














