АктуелноОхрид

„Хуманоста обединува“ крводарителска акција утре на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид

Како најава за одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина (8 мај) и
Неделата на Црвениот крст (8-15 мај) под мотото „ХУМАНОСТА ОБЕДИНУВА“, Црвен крст Охрид во соработка
со Службата за трансфузиона медицина-Охрид, утре, 06.05.2026 г. (среда) од 10-14 ч. на Факултетот за
туризам и угостителство во Охрид, ќе организира крводарителска акција на која својата хуманост, дарувајќи
крв можат да ја искажат студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид, но и секој
заинтересиран наш сограѓанин.